На 19.11.2023 година во 17 часот, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.(55) врз И.Б.(51) и Ж.П.(73), сите од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.11.2023 година во 15 часот, на пресекот на улиците ,,Гоце Делчев” и ,,Стив Наумов” во Охрид, приведен е М.П.(43) од Охрид.
Тој, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
Е.Р
