HomeАктуелноСв. маченичка Христина

Св. маченичка Христина

Православните верници го слават денешниот ден во чест на Света Христина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 По род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец.

Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом.

Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата.

извор: МПЦ-ОА 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.