HomeАктуелноСДСМ: Владата успева да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија

СДСМ: Владата успева да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија

Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Навремените и ефикасни економски политики даваат резултат, последен показател за тоа се податоците од Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза.

Истовремено, покрај извозот растат и платите. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 отсто повисока во однос на истиот месец од 2021 година.

Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.

Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.