HomeАктуелноСДСМ: ДПМНЕ срамно злоупотребува болни, на тоа дереџе падна Мицкоски, после 20 години за прв пат се расчитува ваков случај

СДСМ: ДПМНЕ срамно злоупотребува болни, на тоа дереџе падна Мицкоски, после 20 години за прв пат се расчитува ваков случај

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Некрофилната ДПМНЕ наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, МВР и ЈО, за расчистување на криминалот на Клиниката за онкологија , срамно се обидува да злоупотребува мака на болни.

Тоа најмногу покажува на кое ниско ниво, на кое дереџе падна очајниот Христијан Мицкоски.

После 20 години за прв пат се расчистува ваков случај, токму од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ.

Одговорноста за криминалот на Клиниката за онкологија има име и презиме и врз основа на докази и законска институционална постапка ќе се санкционира секој што е инволвиран, години наназад.

Без злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри сите вмешани ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ.

СДСМ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.