HomeАктуелноСДСМ: Поднесуваме амандман, ДДВто за пелети да биде 5 отсто

СДСМ: Поднесуваме амандман, ДДВто за пелети да биде 5 отсто

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со цел да го зачуваме економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина како пратеници од владејачкото мнозинство, поднесовме амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише.

Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува.

Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.

Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец.

 

Извор: СДСМ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.