HomeАктуелноСДСМ: Сериозни времиња бараат одговорни политичари

СДСМ: Сериозни времиња бараат одговорни политичари

Протестите на антиевропската коалиција предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица не беа прориц последниот европски предлог туку нивната заднина беше неуспешен обид за рушење на Владата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сега кога информацијата за европскиот предлог е во Собранието, сите тоа јасно можат да го видат.

Крвавите сценарија со намерно создавање тензии, конфликти, загрозување на стабилноста во државата се всушност борба за гола власт.

За свои лични цели, Мицкоски заедно со Апасиев беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Не успеја овие сценарија кои беа помогнати и од Алијанса.

Сега е одговорност на Собранието и избраниците на граѓаните да донесат одлука за иднината.

Сите политички чинители во државата сега треба да покажат одговорност, да придонесат важната државна одлука да биде донесена во демократска атмосфера.

Сериозни времиња бараат одговорни политичари.

Наместо насилство и дестабилизација да избереме хармонија и просперитет, во спротивно губитник е Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани.

 

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.