HomeАктуелноСДСМ: Со „Мој ДДВ“ за четири години вратени 107,5 милиони евра кај граѓаните

СДСМ: Со „Мој ДДВ“ за четири години вратени 107,5 милиони евра кај граѓаните

Од СДСМ, преку партиско соопштение, велат дека мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на партијата, парите назад кај граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.

Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.