HomeАктуелноСедница на Уставниот суд

Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 15. седница на која треба да бидат разгледани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Уставните судии, меѓу другото, ќе расправаат за иницијативите со кои се оспоруваат одредби од Законот за работни односи кои се однесуваат на правото на платен неделен одмор, на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје, на Законот  за судските такси, на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, на Правилникот за технички преглед на возила на Министерството за внатрешни работи.

На дневен ред е и оспорено Решение на Совет на Општина Македонска Каменица, како и поднесеното барање за заштита на слободите и правата што се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, поради невакцинираност, кршење на правото на слобода на совеста и уверувањето во штетноста на вакцините.

Уставниот суд ќе одлучува по предлогот за укинување на член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.