HomeАктуелноСедум дена пламен, чад и непријатна миризба се шири кај Буково, реагираат и граѓаните на Охрид и Ресен [фото]

Седум дена пламен, чад и непријатна миризба се шири кај Буково, реагираат и граѓаните на Охрид и Ресен [фото]

Седум дена пламен, густ чад и непријатна миризба се шири на  депонијата кај Буково.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Редакцијата на powerinfo.mk бурно ја следи состојбата на Буково, според последната информација која што ја сподели Ј.П „Охридски Комуналец“ со јавноста е дека екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” повторно излегле на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг. Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот. Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја.

Powerinfo.mk по телефонски разговор информација побара и од противпожарната единица – Охрид, кој пред два дена ни ја потврдија информацијата за пожар на Буково, за powerinfo.mk  тие ни посочија дека до сега во неколку наврати интервенирала противпожарната единица-Охрид и дека во подоцнежните часови нивната екипа се повлекла од теренот, бидејќи тие сметаат дека не може да го санираат пожарот и дека не било во нивна надлежност.

Нашата редакција одговор побара и од ЦУК, по што со последната информација тие не известуваат дека депонијата е во надлежност на ЈП Комуналец од Охрид и се додека не се затрупа депонијата со земја депонијата поради гасовите цело време ќе чади во текот на летниот период, сметаат од РЦУК – Охрид.

Чад и пламен во вечерните часови може да се забележи и на магистралниот пад Охрид-Ресен, додека до нашата редакција реагираат и мештаните од соседните села кој сведочат за лошата состојба на овој терен, непријатната миризба и чадот  претставува секојдневен проблем што придонесува сред планина да дишат загаден воздух.

Имено, Ј.П „Охридски Комуналец“ во својата фб објава додава дека на ден 29.07.2023 год.(сабота) во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонија Буково, додека екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегле на терен и ги превзеле сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ППЕ од Охрид и Ресен, истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран. Додека на ден 31.07.2023 год. исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата Буково, имено тие додаваат дека и за двата случаи беше поднесена пријава до СВР-Охрид од нивна страна, а подметнат пожар од непознат сторител.

Подготви: Елена Ристеска

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.