HomeАктуелноСекој четврти човек во Словенија има проблем со алкохолот

Секој четврти човек во Словенија има проблем со алкохолот

Околу 200.000 Словенци се зависници од алкохол, а двојно повеќе се во „ризик да станат такви“, што значи дека секој четврти човек во Словенија има проблем со алкохолот, објави вчера љубљанскиот портал „24 сата“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Терапевтот Аница Пишл наведува дека во семејствата каде што еден од членовите е алкохоличар, навиките за пиење се пренесуваат на децата, кои на крајот и самите стануваат алкохоличари.

Директорот на терапевтскиот центар „Скупност“, Хорват Жнидаршич, чија двегодишна програма ги третира лицата од алкохолизам, изјави дека целта на терапијата е зависникот да почне да работи на себе и во трезвена состојба да научи да биде одговорен и задоволен.

Кој не е задоволен со себе во трезвена состојба, не е среќен и порано или подоцна повторно ќе посегне по алкохол или други психоактивни супстанции, посочи Жнидаршич.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.