Од Сеизмолошка опсерваторија добиено е следното известување дека
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Р.С.Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата од државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 16.12.2024 година, регистрираа четири земјотреси во различни делови од Р.С.Македонија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:
1. Во 01:12 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
2. Во 01:14 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
3. Во 01:22 часот беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда МL2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
4. Во 19:45 минути, регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 112 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
