Двајцата обвинети добија забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап, ова беше насловот кој деновиве беше во фокусот на јавноста.
По скандалите и бурните реакции од страна на јавноста, вечерва Стефан Лазаров за неговата состојба реши да се обрати преку својот YouTube канал.
Не ми е одземен пасошот, ниту ми е забранет јавен настап, вели јутјуберот Стефан Лазаров по скандалот со новинарот Драган Павловиќ Латас.
Тој објасни дека деновиве не го барале новинари и затоа решил да се обрати преку неговиот јутјуб канал. Лазаров е разочаран затоа што 50 медиуми објавиле вести за настанот, но никој не го барал за мислење.
Имено, тој на новинарите им порача дека треба да се придржуваат до Кодексот и да не шират лажни вести.
Целото ВИДЕО може да го погледнете во прилог:
