Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид во изградба на автопатот Охрид-Кичево.
На својот фејсбук профил,вицепремиерот Николоски објави дека од денес се пушта во употреба клучката Требеништа, уште еден дел од овој автопат.
” На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.
Од денес во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште
еден дел од автопатот Охрид – Кичево.
Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.
Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.
Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата” – објави вицепремиерот Николоски.
