Силно невреме го погоди поголемиот дел од САД, невремето беше придружено со силни ветрови, бура од дожд , снег и град. Невремето остави повеќе од 600.000 луѓе без струја во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Северна Каролина и Вирџинија.
Без струја се и околу 77.000 луѓе во Џорџија и Флорида.
Централниот и јужниот дел на западното крајбрежје беа зафатени од торнада и снежни виулици. Гувернерот на Њу Џерси веќе прогласи вонредна состојба, а властите на Њујорк евакуираа речиси 2.000 мигранти сместени во шатори, бидејќи се предвидуваа удари на ветер до 112 километри на час. Во сојузната држава Мејн институциите денеска ќе бидат затворени поради невремето.
Националната метеоролошка служба предупреди на можни големи поплави во одредени делови на Лонг Ајленд.
