Умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.
