HomeАктуелноСиноптичарите со НАЈНОВА временска прогноза

Синоптичарите со НАЈНОВА временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 28 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи за наредните денови прогнозира стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, од северен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.