HomeАктуелноСиноптичарите со НАЈНОВА ДЕТАЛНА временска прогноза, еве какво време ќе имаме

Синоптичарите со НАЈНОВА ДЕТАЛНА временска прогноза, еве какво време ќе имаме

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степени.

Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.