HomeАктуелноСИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ВЕВЧАНИ, ЗАПОЧНУВА ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ВЕВЧАНИ, ЗАПОЧНУВА ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА

Деновиве сите патишта водат кон Вевчани. Вевчанци се подготвени за Вевчанскиот карневал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Карневалот ќе трае три денови 12, 13 и 14 јануари.

Подготовките се во финална фаза, маските се спремни, или што би рекле вевчанци, СУРАТИТЕ веќе се подготвени.

Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупавиот Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаме Новата година прочистени и среќни.

На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14-ти замесуваат Кашаник (пита печена под сач).
На 14-ти денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година.

Музичката програма која претстои и се случува на 12-ти и 13-ти Јануари е веќе потврдена, па на сцената ќе уживаме во музиката на :

ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов -Гиш и пријателите), Венко Серафимов и Прпл Цепелин,реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе грејтест хитс, Баклава, Банда ЕнТопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели.
Не ни преостанува ништо повеќе од тоа да ве поканиме да бидете дел од овој историски настан кој со векови и милениуми го збогатува културно уметничкиот живот на Вевчани.

Значи на 12-ти, 13-ти, 14-ти сите патишта деновиве водат кон Вевчани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.