HomeАктуелноСкопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија

Скопските градоначалници со предлог до Владата за одземање на ингеренциите на Јавните претпријатија

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.

– Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините, рече Ѓорѓиевски.

Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.