HomeАктуелноСкопјанка касната од куче во Клинички

Скопјанка касната од куче во Клинички

На 10.01.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза” била касната од куче скитник.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР информираат за уште четири напади од кучиња во Скопје.

На 10.01.2023 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Чангов” бил каснат од куче скитник.

На 10.01.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија” бил каснат од куче скитник.

На 10.01.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Карпош, В.И.(76) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар” била касната од куче скитник.

На 10.01.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Карпош, Н.Н.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Теодосиј Синаитски” нејзиниот малолетен син бил каснат од куче.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.