HomeАктуелноСКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ТЕМПЛАРИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ – Се одржа Великиот магистрален совет на витезите темплари

СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ТЕМПЛАРИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ – Се одржа Великиот магистрален совет на витезите темплари

Темплари, за некого чудна мистерија, додека за некого пак нова шанса, подадена рака, надеж и хуманост.

фото: powerinfo.mk

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Храмот на Ерусалим, познати како Витези Темплари, организација која од секогаш за пошироката јавност била интересна и секогаш привлекувала големо внимание, со доза на мистерија.

Модериот ред на Темплари е основан 1804 година во Париз, па иако се продолжение од Темпларите од средниот век кој најчесто се поврзуваат со групата на крстоносните темплари, оваа организација денес функционира на поинаков начин.

Темпларите се организирани како невладина организација со Христијански акцент која преку своите активности и членови е активна во повеќе држави ширум светот со посебен акцент на хуманоста и меѓурелигиската соработка.

Изминатиот викенд Скопје за прв пат беше домаќин на Великиот магистрален совет на Суверениот воен ред на витезите темплари на храмот на Ерусалим  (ОСМТХ), невладина и хуманитарна институција што е акредитирана од Економскиот и социјален совет на Обединетите нации како невладина организација во специјализиран консултативен статус и одржува делегации во канцелариите на Обединетите нации во Њујорк, Женева и Виена.

Имено, соработуваат со високи претставници на суверени држави и нации,како и со невладини организации за обезбедување хуманитарна помош, решавање на сериозни хуманитарни потреби или политички, етнички и верски конфликти.

Редот на темпларите е активен и Големиот приорат на НАТО, кој е составен од воени официери и одбрамбени претставници на земјите-членки на НАТО и државите партнери.

На Магистралниот совет, Македонија беше претставувана од Великиот Приорат на Македонија, кој за прв пат беше и организатор на советот на кој учество земаа високи делегации од 22 велики приорати, односно 21 држава и НАТО претставници.

Магистралниот совет беше предводен од Н.Е великиот командер на редот Џорџ Меклејн, како и од Н.Е. великиот матер Дејвид Апелби.

Соборот беше отворен од страна на великиот приор на Македонија, Н.Е. м-р Антон Кајтази. Меѓу многубројните гости во Скопје присуствуваше и американскиот бригаден генерал Џон Т. Дигилио Џуниор кој има 24 воени обликувања, вклучувајќи и мегија на заслуги и бронзена ѕвезда.

Денешниот ред на темплари имаат хуманитарен карактер, односно подадена рака за помош на сите оние кои имаат потреба од тоа, без разлика на нивната вера и потекло, додека старите темплари витези се грижеле за безбедноста на патиштата и животот на аџиите, но и за сиромашните и обесправените.

Темпларите дејствуваат на национално и интернационално ниво.

 

фото: powerinfo.mk

За да се стане припадник на Темпларскиот ред, треба да се добие покана од витез или дама што е веќе член на редот и тре- ба да се биде крстен христија- нин, а потоа следува процес на вреднување на личноста од страна на Великиот совет на ВП Македонија и активност како постулант, каде што кандидатот треба да покаже лојалност и активности во редот. Процесот трае повеќе месеци и за околу една-две години може да се стане член витез или дама на Темпларскиот ред. Член може да стане секој, без разлика на потеклото, образованието или професијата. Имаме бизнисмени, про-есори, луѓе од државни институции. Сакаме луѓе од различна заднина да дојдат со нови идеи за да изградиме ред за 21 век.

Дозволено и за жени, додава великиот командер на редот Џорџ Меклеон.

фото: powerinfo.mk

 

фото: powerinfo.mk

 

Македонскиот витешки темпларски ред постои од 2016 година и во суштина е хуманитарна организација. Но за разлика од другите хуманитарни организации, ние сме со воена структура – велик приор, велики офицери, командири, витези и дами, вели великиот приор на Македонија, Н.Е. м-р Антон Кајтази.

Македонија има три командерии, првата е од 2017, Командерија „Св.Архангел Михаил“ – Скопје, втората „Св.Јован Крстител“ – Гостивар и третата командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид, како и новосозадената прецепторија во Струмица, создадена од седум витези и дами.

Дејствуваме преку МПЦ и Католичката црква, како и други институции за деца со посебни потреби, загрозени лица и талентирани деца. Покрај домашните македонски активности, имаме донаторски вечери, најчесто се организираат кон крајот на годината, на кои командериите, а и нашите браќа и се сестри, витези и дами, донираат одредени предмети со кои се оди на лицитација и собраните средства се планираат за хуманитарни активности. Собраните средствата се користат за помагање на млади таленти што немаат можности да се запишат на факултет, ние им даваме помош во тој дел. Таквите средства ги собираме преку разни донации. Има доста хумани луѓе, доста компании веќе не препознале на мапата на хуманитарноста и доста помагаат преку нашата организација. Ние како рамноправна членка на меѓународната организација влијаеме на меѓународно ниво посочува м-р Антон Кајтази, великиот приор во Македонија.
Од организацијата изјаснија дека ќе продолжат со многу хуманитарни акции, бидејќи големината на луѓето се мери со големината на делата кој ќе ги направи во својот живот и вистинската среќа доаѓа кога ја покажуваме љубовта и грижата кон оние на кој тоа им е најпотребно, бидејќи хуманоста, добрината и емпатијата се навистина многу значајни особено во едни вакви тешки и кризни времиња.
Командериите активно се на терен и со сите свои капацитети одговараат на потребите и повиците на граѓаните и организациите, активно соработуваат до Црвениот крст, СОС Детско село и други организации,  организираат свои хуманитарни акции како што се спортски натпревари, крводарителски акции, предновогодишни,велигденски, божиќни и други хуманитарни активности, додаваат од организацијата.

фото:powerinfo.mk

фото:powernfo.mk

фото: powerinfo.mk

Подготвил: Елена Ристеска, 
powerinfo.mk

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.