HomeАктуелноСледува продолжен викенд овој месец – Еве уште колку неработни денови останаа до крајот на годинава

Следува продолжен викенд овој месец – Еве уште колку неработни денови останаа до крајот на годинава

Следува продолжен викенд за православните верници овој месец, со што 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе биде неработен ден.

Списокот на останати неработни денови се стеснува, а со цел подобро да ги испланирате овие денови за релаксирање ви го проследуваме:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За сите граѓани на РСМ

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.