Пред неполна година ја формиравме работната група и ја започнавме постапката за брендирање на сите возила во сопственост на државата. До 15 септември институциите се должни да ги заменат таблиците, а крајниот рок е 29 септември. Доколку тоа не се направи, при следната регистрација возилата задолжително ќе добијат нови таблици. Со оваа промена ја зајакнуваме довербата на граѓаните и го поставуваме државниот систем на повисоко ниво на отчетност и одговорност. Ова е само почеток на процесот кој ќе обезбеди ред и транспарентно управување со јавните ресурс, изјави Директорот на СЗРО Ивица Томовки.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР денеска присуствуваше на промоцијата на официјалната примена на службени регистарски таблици.
Како директор на Бирото за јавна безбедност, ја поздравувам оваа мерка и ја сметам за важен чекор во насока на транспарентност, отчетност и професионално управување со јавните ресурси. Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните, ја потврдува одговорноста на институциите и нѐ усогласува со најдобрите европски и меѓународни практики, потенцираше директорот Јанев.
Јанев изрази увереност дека со воведувањето на единствени службени таблици ќе придонесеме за поголем институционален интегритет и поефикасна контрола во користењето на државните возила и конечно ставање крај на злоупотребата на државните возила за приватни и партиски цели.
