HomeАктуелноСнегот доаѓа во градовите низ државава – Синоптичарите со детална временска прогноза

Снегот доаѓа во градовите низ државава – Синоптичарите со детална временска прогноза

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 24.11.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 25.11.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Облачно со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Прогноза за 26.11.2023
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.