HomeАктуелноСНЕЖЕН БРАН НА ДЕНОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Еве како е на терен!

СНЕЖЕН БРАН НА ДЕНОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Еве како е на терен!

Денешното утро и ова претпладне западните  и северозападните предели од Македонија беа зафатени од ладен и снежен бран кој услови снежни врнежи на повеќе места, и тоа од пообилен карактер, а снег паѓаше  и во делови од градовите во овој дел од Македонија, па така од градовите има 2 сантиметри снег во Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Што се однесува до повисоките и планинските места, како и на Скијачките центри снежната покривка значително се зголеми, па така на Скијачките центри Попова Шапка  и Маврово има од 50 до 60 сантиметри снег.

Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T= 7 °C, P= 986 hPa, U= 60 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Информација од Македонијапат:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните  делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Намалена видливост поради појава на магла до 30м. има на патниот правец с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива  механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.