HomeАктуелноСоветот на млади на Oпштина Oхрид оствари работна средба со претставници од училишните заедници од средните училишта

Советот на млади на Oпштина Oхрид оствари работна средба со претставници од училишните заедници од средните училишта

На иницијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес во просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на училишните заедници од средните училишта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите, информираат од Општина Охрид.

Средбата се одржува со пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде избрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.