HomeАктуелноСолзи радост на Детска клиника – Малиот Медиан ја доби најтешката битка и победнички го заѕвони ѕвончето

Солзи радост на Детска клиника – Малиот Медиан ја доби најтешката битка и победнички го заѕвони ѕвончето

ВИДЕО: https://www.facebook.com/share/r/19bhLUWk7C/?mibextid=wwXIfr

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Уште едно дете ја доби најважната битка што ја водеше на Клиниката за детски болести во Скопје.
Малиот Медиан храбро и јуначки се избори со болеста, а моментот на неговата победа беше одбележан со силно ѕвонење на победничкото ѕвонче, додека медицинскиот персонал со аплауз го поздравуваше неговото закрепнување.

Видеото од радосниот момент беше објавено на официјалниот Facebook-профил на Клиниката за детски болести, каде што напишаа:

„Нова радосна вест од Клиника за детски болести! Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Медиан храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Медиан му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“

Трогателната сцена повторно ја потсетува јавноста дека секоја детска победа е најголема победа – не само за семејството, туку и за сите кои секојдневно се борат за здравјето на најмалите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.