HomeАктуелноСомневање за заболен од мајмунски сипаници,примероци испратени на испитување во СЗО

Сомневање за заболен од мајмунски сипаници,примероци испратени на испитување во СЗО

Министерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според соопштението на Министерството, во петокот, на 3 јуни, од Инфективната клиника при Универзитетскиот и клинички центар на Косово (ЌКУК) е добиено известување за случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници.

Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во ЌКУК, се вели во соопштението.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.