HomeАктуелноСонот за ново ЕП живее: Македонија по вторпат ја совлада Малта

Сонот за ново ЕП живее: Македонија по вторпат ја совлада Малта

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Конечниот исход и три бода беа најавени доста рано, уште во 5. минута кога Елиф Елмас погоди за 1-0. Зголемување на предноста донесе Јован Манев кој во 41. стрелаше со глава за 2-0. Резултат со кој се замина на паузата, а воедно се покажа и како конечен.

Во вториот дел одново избраниците на Благоја Милевски беа поконкретни. Алиовски погоди статива, а шутот на Миовски подоцна голманот на домаќините го одбрани. Малтажаните се заканија преку Пепе во самиот финиш, но Шишковски со крајни напори одбрани.

За одбележување е и тоа што во 76. минута Зајков беше изнесен на носилки откако заработи незгодна повреда поради која лекарскиот тим неколку минути интервенираше на теренот.

Македонија по пет одиграни кола со 7 бода е на 4. место во групата. Ист број, по 7 бода имаат и Италија и Украина кои се на второто, односно третото место поради подобрата гол разлика. Со ова и понатаму останува отворена борбата за пласман на ЕП, особено по четирите бода во последните два дуели.

Следен меч на Македонија во квалификациите е следниот месец на 14-ти кога на Украина и гостуваме во Прага.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.