HomeАктуелноСончево со температура до 37 степени, доаѓа топлотен бран во земјава

Сончево со температура до 37 степени, доаѓа топлотен бран во земјава

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степена.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топол бран. Следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.