Сообраќаен метеж и гужва има на мостот „Мајка Тереза“ во близина на „Веро Џамбо“, во центарот на главниот град поради сообраќајна несреќа.
На фотографиите од сообраќајната несреќа се забележува автомобил „рено“ удрен во бандера со оштетена хауба, а зад него, автомобил „фолксваген“ со оштетени тркала.
Полицијата врши увид на местото на настанот и го регулира сообраќајот, повеќе детали во текот на денот.
