HomeАктуелноСообраќајка меѓу трактор и автомобил, има повредени

Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, има повредени

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и трактор се случила вчера на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влезот за селата Добрушево и Клепач.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од селото Канатларци, прилепско.

Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.