HomeАктуелноСообраќајка на регионалниот пат Тетово – Јажинце: Усмртена е мечка. двајца повредени

Сообраќајка на регионалниот пат Тетово – Јажинце: Усмртена е мечка. двајца повредени

Половина час по полноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица. Несреќата се случила кај Доброште.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б. Ш(60) од Доброште, „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Н. Г(39) од Теарце и диво животно мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи се здобиле телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информациите на СВР Тетово, по извршениот увид, усмртената мечка е предадена на Јавна установа Национален парк Шар Планина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.