HomeАктуелноСообраќајната безбедност и заштитата на шумскиот фонд во фокусот на превентивно-едукативните активности во Ресен, Кавадарци и Куманово

Сообраќајната безбедност и заштитата на шумскиот фонд во фокусот на превентивно-едукативните активности во Ресен, Кавадарци и Куманово

Во текот на вчерашниот ден (20.09.2023) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Куманово беа реализирани превентивни активности претежно од областа на сообраќајот.
Притоа, во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен преку средби со граѓаните, сопственици или возачи на земјоделски машини – трактори и приклучна механизација, реализираа превентивно – едукативни активности во насока на внимателно и одговорно управување со овие средства по патиштата, а дополнително беше нагласена и важноста за техничката исправност на овие видови возила. Исто така, во Ресен беше реализирана и превентивна активност под мотото „И ти и јас сме пешаци”, којашто имаше за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот – пешаците, особено повозрасните лица, а пак, во соработка со ЈП „Национални шуми” беше спроведена едукативна активност за спречување на бесправната сеча на шуми во интерес на заштита на шумскиот фонд и избегнување на овој вид криминал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци, во близина на основните училишта, полициски службеници реализираа практична едукација со основците и децата од предучилишна возраст околу сообраќајните правила и прописи важни за нивната безбедност како пешаци, но и како корисници на велосипеди и тротинети.

Во Куманово, пак, полициски службеници од СВР Куманово, спроведоа превентивна едукативна работилница со ученици односно првооделенците од основното училиште „Крсте Петков Мисирков”, исто така, од областа на сообраќајната безбедност.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.