HomeАктуелноСообраќајната полиција „лови“ 536 возачи кои пребрзо возеле

Сообраќајната полиција „лови“ 536 возачи кои пребрзо возеле

МВР во текот на вчерашниот ден (06.08.2023) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 536 возачи. Од нив 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа 262 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.