HomeАктуелноСообраќајната полиција санкционира181 возач за брзо возење

Сообраќајната полиција санкционира181 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив седум возила се движеле со
брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.