Сообраќајка се случи попладнево кај превојот Пресека на патниот правец од Кичево кон Охрид. Во моментов сообраќајот е во застој. На овој патен правец интензивни се врнежите од снег, коловозот е лизгав и под снег.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТТВ: Поради снежни врнежи има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци: Маврово – Дебар Гостивар – Кичево Битола – Ресен.

