HomeАктуелноСообраќајна несреќа кај Дреново, превртено возило на локалниот пат кон Кавадарци

Сообраќајна несреќа кај Дреново, превртено возило на локалниот пат кон Кавадарци

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново, возило излетало од патот и се превртело.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци е на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес информираа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот  Кавадарци.

Според првичните информации, кавадаречките пожарникари се обидуваат да ослободат едно лице приклештено во возилото.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.