HomeАктуелноСообраќајна несреќа со смртни последици ја потресе Македонија

Сообраќајна несреќа со смртни последици ја потресе Македонија

Битолчанецот К.К. (42) го загуби животот, а повеќе лица се со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.