HomeАктуелноСообраќајна несреќа утрово во Охрид, пијан шофер излетал од патот

Сообраќајна несреќа утрово во Охрид, пијан шофер излетал од патот

На 18 мај 2026 година, во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишно лице од Охрид, изгубило контрола и излетало од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.