HomeАктуелноСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Снег провејува на Стража и Маврово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

На 05.02.2023 г од 06,00ч во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Танушевци, поточно од с.Бродец кон с.Танушевци поради големи наноси од снег и ветер.

Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.