HomeАктуелноСопруг и сопруга од скопско со автомобил излетале во Крива Река, починале на лице место

Сопруг и сопруга од скопско со автомобил излетале во Крива Река, починале на лице место

Маж и жена од скопско Мралино загинаа откако со автомобилот паднале во Крива Река во кратовско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од с.Коњух кон с.Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во р.Крива река. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од с.Марино, информираше МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.