Државниот секретар Петрушевски истакна дека оваа појава претставува кршење на основните човекови права и сериозен глобален проблем, кој остава длабоки последици врз жртвите и целото општество. Воедно посочи на ефикасна соработка помеѓу сите институции и засегнати страни, со цел да создавање на силен и функционален механизам за превенција, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Оваа Комисија има клучна улога во спроведувањето на стратегиите и мерките кои ќе придонесат за елиминирање на овој сериозен проблем.
На состанокот беа разгледани тековните и идни активности во насока на подобрување на состојбата и надминување на предизвиците во областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција, при што беа истакнати потребите за управување со миграциските текови, односно спречување на илегалните премини, зајакнување на граничната контрола и мониторинг, како и подобрување на сместувачките капацитети во прифатните центри, со цел обезбедување не сеопфатна заштита на државната граница, услови за згрижување и третман на мигрантите во согласност со меѓународните стандарди. Воедно, членовите беа информирани и за четвртиот круг на евалуација и посета на Групата на експерти за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) со цел мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за преземање акција против трговија со луѓе.
