HomeАктуелноСостојбата во Србија е лоша, на протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени

Состојбата во Србија е лоша, на протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени

На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, седум во Ваљево, девет во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вечерва имаше масовно и сериозно нарушување на јавниот ред и мир низ цела Србија од страна на блокадерите. Бидејќи немаше поддржувачи во простории на СНС, полицијата беше брутално нападната вечерва, а полицијата го одржува јавниот ред и мир, рече Дачиќ.

Тој додаде дека некои полицајци се тешко повредени и дека меѓу приведените е и 23-годишен хрватски државјанин кој ја нападнал жандармеријата.

Толку за фактот дека протестите немаат никаква врска со надворешен фактор, рече Дачиќ.

Според него, полицијата користела хемиски средства за да се одбрани, како и за да ги брани интересите на државата, а не за да брани која било страна.

Антивладините демонстранти синоќа ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Нови Сад и се судрија со полицијата и поддржувачи на СНС во главниот град Белград и во неколку друго градови низ Србија. Протестите синоќа се одржаа еден ден по насилните немири во кои беа повредени десетици лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.