HomeАктуелноСостојба на патиштата

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

– Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 година започнаа градежни активности за санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од четири месеци. Од 06.10.2025 година во период од 4 месеци сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес).

– На експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин на km 14+200 (близу село Петралица) е започната регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

– Од 12.09.2025 година започна санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти-Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

– Виадукт Трејд ДООЕЛ од 01.09.2025 година започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар-Стража во временски период од шест месеци.

– Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка „Лагово“ до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 3-ти април 2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.

Времена измена на сообраќајот:

Од 12-ти септември 2025 на експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин на км. 14+200 (близу село Петралица) отпочна регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација, семафори.

Известување:

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 17-ти април 2025 година  е пуштен за сообраќај за за возила до 3.5 тона.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.