HomeАктуелноСпасовски во работна посета на Словенија

Спасовски во работна посета на Словенија

Утре, (04.04.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Република Словенија. Спасовски во Порторож ќе учествува на 11. Неформален состанок на министри за внатрешни работи во рамки на Брдо Процесот, а на маргините на конференцијата  ќе оствари билатерален состанок со словенечкиот колега, Боштјан Покљукар, по што ќе следи и интервју за словенечкиот дневен весник „Вечер”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во попладневните часови, министерот Спасовски ќе ја посети Македонската православна црква „Богојавление Водици” во Копер, каде што ќе се сретне со македонската дијаспора.

Истиот ден, во Љубљана, министерот Спасовски на покана на Меѓународниот институт ИФИМЕС, ќе учествува на тркалезна маса на тема „Како Западен Балкан да биде подобар и попросперитетен – сигурносен аспект”.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.