HomeАктуелноСпасовски се заблагодари на македонската полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници

Спасовски се заблагодари на македонската полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници

„Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.

И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!

Ви благодарам!
МВР за ГРАЃАНИТЕ!” – напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми.

ЛИНК

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.