HomeАктуелноСпречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун

Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун

Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со тутун, како и обид за избегнување плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во случајот, против едно лице, државјанин на Турција, се води соодветна постапка, а тутунот е запленет.

Случајот е откриен, кога поради сомневање, мобилен тим го селектираше и изврши контрола на патникот, при што во куферот и личната торба во негова сопственост беше пронајден ароматизиран тутун за наргиле со вкупна тежина од 27,5 килограми.

Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.