HomeАктуелноСРПСКИ ПЛАТЕН УБИЕЦ УАПСЕН ВО СКОПЈЕ – Што спремал?

СРПСКИ ПЛАТЕН УБИЕЦ УАПСЕН ВО СКОПЈЕ – Што спремал?

Српски државјанин е уапсен во Скопско по размена на информации меѓу македонската и српската полиција. Истражителите се сомневаат дека 42-годишникот нелегално влегол во Македонија за да изврши ликвидација по налог на криминална група.

Маж од Србија е уапсен во Скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми повкувајќи се на српското МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи.

Осомничениот С. М. (1984) бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот полицијата пронашла
пиштол „CZ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и мала количина марихуана.

Кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.