HomeАктуелноСтраотен судир на автомобил и камион утрово кај Зајас, загинаа две жени од Тетово

Страотен судир на автомобил и камион утрово кај Зајас, загинаа две жени од Тетово

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.